„Ве информираме дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен. Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови“, истакнуваат од ова ЈП и додаваат:
„Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“.
ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.
Од информациите од терен од страна на сообраќајните служби, воведена е забрана за тешки товарни возила на следниве патни правци и планински превои:
Крива Паланка – ГП Деве Баир, ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7,5 тони, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Тетово – Попова Шапка, Пресека, Плетвар, Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.
Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, истакнуваат од ЈП Македонија пат, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Се нагласува дека ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.
Битолска подружница фрлила 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Стип, Берово, Кочани и Делчево 300м3.