Жена и бебе пронајдени мртви во куќа во Австралија

Жена и бебе се пронајдени мртви во дом во предградието на Перт. Нивните тела ги пронашол таткото и веднаш повикал помош. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, нешто по 11 часот по локално време, го потврдила пронаоѓањето на телото, утврдила дека се работи за кривично дело и започнала истрага.

Полицијата блокираше неколку стотици метри околу куќата. Соседот Питер Стентон изјави за „Вест“ дека не го гледал често семејството надвор од куќата.

„Тие не поминуваа многу време надвор или во градината. Човекот што живее таму работи во ноќни смени и спие преку ден“, рече тој.

Полицијата ги замолила граѓаните да се јават доколку забележат сомнителни настани во близина на местото на злосторството, пишува Дејли Мејл.

фото: EPA