Жена и две деца загинаа во лавина во јужен Тирол

Жена и две деца ги загубија животите во саботата во снежна лавина во италијански јужен Тирол, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во зимскот одморалиште Шналс, западно од градот Мерано, соопшти портпаролот на италијанските карабинери. Додаде дека во тој момент немало предупредување за можна лавина, но дека дувале силни ветрови со зголемување на температурата.

Две лица се извлечени од снежниот намет и се префрлени во болницата во Мерано. Трагедијата се случина во 12,10 часот на надморска височина од 3.000 метри, во скијачката зона на глечерот Вал Сеналес и била со широчина од околу 150 метри и должина од околу 500 метри.

На местото на несреќата најдена е една 25-годишна жена и седумгодишно девојченце. Другото дете, ќерка на загинатата исто така на седумгодишна возраст, им подлегнало на повредите откако било транспортирано со хеликопетр во болницата во Тренто.

Не е познато дали под лавината има затрупани уште луѓе, а спасувачката операција по можни затрупани сѐ уште трае.

Претходно во саботата во италијанските Алпи се случиле уште три лавини, во кои има две повредени лица, од кои едно е во сериозна состојба.