Една жена е избодена до смрт на шведскиот остров Готланд на политички настан во пресрет на парламентарните избори, објави полицијата во средата.
Полицијата објави дека е уапсен маж во триесеттите години, осомничен за убиство кои е случило близу местото каде говори имала Ани Лооф од Центристичката партија.
Според информациите на весникот Aftonbladet, осомничениот 33-годишен маж бил поврзан со неонацистичките движења.
Политичките настани на коишто се претставуваат политичките партии во Шведска по правило привлекуваат илјадници посетители и политичари коишто држат говори и непосредно се дружат со избирачите.
Парламентарните избори во Шведска треба да се одржат во септември.