Дали конечно ќе се дознае вистината, Кој ја уби Лејди Ди?
Поранешната сопруга на снајперистот на специјалната единица, САС, наречен Војник Н уплашена за својата безбедност, тврди дека и било платено да молчи за неверојатните обвинувања дека принцезата Дајана ја ликвидирале припадници на елитната единица.
Жената која што не може да биде именувана поради законски причини,британските медиуми ја нарекоа Сара наведува дека офицер од САС и предал плик полн со пари, со реченица да молчи за Дајана.
Тврдењата на снајперистот дека зад смртта на Дајана се наоѓа САС, се појавија минатата година во текот на судењето на наредникот Дени Нахтингејл, кој пред воениот суд е прогласен за виновен поради илегално поседување на пиштол и муниција.
Сара откри дека детективите сега се под надзор на полицијата поради наводни злоупотреби на електронската пошта која што му ја праќала на својот сопруг.
„Никогаш претходно не ми беа дадени 500 фунти, за да молчам за нешто. Сакаа да не зборувам за Дајана и операциите на САС. Сепак не можев да остане така, за нешто толку сериозно. Парите направија да се чувствувам многу непријатно“ вели таа.
Како што пренесува „Дејли меил“ војникот Н во писмо во септември 2011 година тврди дека припадниците на САС ја убиле принцезата Дајана. Сара наведува истите доаѓале кај неа неколку пати за да се договорат, да не зборува за тоа.