Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода М.И.(50) Тетово.
Тој бил пријавен од неговата 40 – годишна сопруга дека во семејниот дом, тој и неговата ќерка од претходниот брак физички ја нападнале, информира СВР Тетово.
Се работи на расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.