Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.А., на 32 години од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 11-ти јануари минатата 2021 година, сега пријавената набавила хероин и марихуана, коишто подоцна биле пронајдени кај неа.
Истовремени, во одделен случај, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 21-годишниот Ш.Ј. од гостиварскот село Равен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, на 29-ти јануари годинава, при извршен претрес во домoт на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.