Жена од САД ранета со пиштол во Куманово

Вчера во 13.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје.

По преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од с.Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.