Жена пешак тешко повредена во Гостивар

Во вторникот попладнето во 17.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „рено“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот А.Н. од селото Равен, гостиварско, удрило во пешакот Б.Б. на 48 години од Гостивар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б., констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.