Несреќата се случила вчера утринава во атар на с.Мокриево, струмичко.
Во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место, информира МВР.
Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.