Жена повредена во судар на две возила во Охрид

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила во вторникот во малку пред 9 часот на крстосницата од улицата „7-ми Ноември“ со улицата„Марко Нестороски“ во Охрид.

Во несреќата учествувале „рено“, управувано од 53-годишниот Т.Ј. од селот Волино, општина Дебрца и „форд фокус“, управувано од 32-годишниот В.Н. од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „рено“ С.Ј., констатирани во болницата „Свети Еразмо“ Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.