
На булеварот ВМРО во центарот на Скопје, пред блокот згради од спротивната страна на главната Пошта, денеска околу 14 часот е пронајдена почината повозрасна жена, информираат од МВР.
На местото на настанот полицијата во моментот врши увид, заедно со јавен обвинител.
Како што објавуваат медиумите, засега непознатата жена скокнала од тераса од петтиот кат и паднала на плочникот пред зградата.
Соседите веднаш го пријавиле случајот во полиција