Жена трипати прегазена од сопствениот автомобил

Швајцарка е тешко повредена откако излегла од својот автомобил чиј мотор работел а пота трипати ја прегазила, објави локалната политика.

Настанот, за кој швајцарката новинска агенција ATS извести во петокот, се случил во населба во Сент Гален во североисточна Швајцарија, кога 45-годишната жена веројатно излегла за да земе нешто од багажникот, според регионалната полиција. Жената во тешка била пренесена во болница.

Меѓутоа, тогаш автомобилот кој бил на блага падина, почнал да се движи наназад. Жената безуспешно се обидувала да го запре возилото, пред да падне и првпат била прегазена.

Автомобилот потоа се забил во друго возило се одбил од него и се вратил прегазувајќи ја жената по вторпат. Откако удрил во работ на тротоарот, автомобилот повторно тргнал кон несреќната жена и ја прегазил третпат, пред на крајот да удри во дрвена преграда и да се запре.