Жена во критична состојба по пукање пред Конгресот, Трамп ја распоредува Националната гарда

Неименувана жена е во критична состојба откако е погодена во градите во пукањето на вашингронски Капитол каде што приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа на седницата на двата дома на Конгресот во обид да го прекинат верификувањето на електорските гласови кои треба да ја потврдат победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори на 3-ти ноември.

Приврзаниците на Трамп претходно ги пробија неколкуте полициски кордони и провалија во зградата на Конгресот каде што се одржуваше заедничката седница на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Агенцијата Reuters објави дека персоналот на Сенатот на безбедна локација ги сокрила серификуваните резултати на електорскиот колеџ (колегиум).

Во меѓувреме, телевизијата CNN која извести за ранувањето на жената, објави дека Белата куќа потврдила дека претседателот Доналд Трамп наложил да се активира Националната гарда на оддржување на редот во Вашингтон.

Трамп наедил да се испрати Националната гарда за одржува на редот во американската престолнина, потврди на Twitter неговата портпаролка Кајли Мекинанин

.„По наредба на претседателот Трамп, Националната гарда е испратена (во Вашингтон“ заедно со другуте федерални агенци за спроведување на законот“, напиша Мекинанин.

Според медиумските извешта, Националната гарда на Вашингтон е веќе активирана, а ќе бидат испратени и припадниците на Националната гарда од соседната сојузна држава Вирџинија.,

Сите 1.100 припадници на Националната гарда на Вашингтон ќе бидат распоредени денеска во услови кога демонстрантите ја зазедаа зградата на Конгресот, извести репортерот на весникот The Washington Post, Ден Ламот, повикувајќи се на безбедносни извори.

„Целата Национална гарда на Вашингтон ќе биде распоредена денеска, што значи дека околу 1.100 гардисти ќе бидат на дежурство вечерва, ми кажа функционер од министерството за одбрана. Ова доаѓа откако демонстрантите кои ги подржуваат Трамп се пробија во Капитол“, напиша Ламот на Twitter.