Жена во Тетово физички злоставувана и силувана од поранешниот партнер

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик.

„Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30-ти ули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи“, соопштуваат од Обвинителството.

Бидејќи се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.