Жена загина, осуммина се ранети во серија ракетни напади на Хезболах врз северен Израел

Една жена е убиена, а осум други се ранети во либански ракетан напад на Сафед, северен Израел.

Засега нема потврда, но се верува дека нападот го извршила терористичката група Хезболах.

Израелските одбранбени сили соопштија дека некои од ракетите ја погодиле централата на Северната команда во Сафед, на околу 13 километри од границата со Либан.

„Идентификувани се бројни лансирања кои преминаа од Либан во областите Нетуа, Менара и во базата на ИДФ во северен Израел“, рече војската.

Ракети ја погодиле и градската индустриска зона и област во близина на болница.

Од 8 октомври, силите предводени од Хезболах ги напаѓаат израелските заедници и воените пунктови долж границата на речиси секојдневна основа, при што групата вели дека тоа го прави за да ја поддржи Газа среде војната таму.