Жена загина во невремето-отежнат сообраќајот од силните врнежи

Во силно невреме што околу 17 часот го зафати Сомбор и околината, жена загина кога дрво паднало врз возилото што го управувала, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, јавува Б92.

Како што изјавил Дачиќ, жената од здобиените повреди починала на лице место, соопшти српското МВР. Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, на што предупредува Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Силно невреме го зафати Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Обилните врнежи и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан. Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите.

Околу 18 часот во Нови Пазар имало прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места. Сè уште нема информации за можни штети на патната инфраструктура и домаќинствата. Невремето го зафати и Севојно, што предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Обилните врнежи предизвикаа поголема количина на вода на улиците на Севојно и околината, што го отежна движењето по коловозот.

Во текот на попладневните часови силно невреме го зафати Ужице и околината, а силниот дожд беше проследен и со голем град, кој паѓаше неколку минути.

Најпогодени беа Бајина Башта, Чајетина, Ужице, Пожега, Косјериќ и Лозница, а српскиот републички метеролошки завод РХМЗ издаде итно предупредување дека невремето ќе се прошири кон областа Колубара и северниот дел од областа Моравица во следните два часа.

„Метеоролошкиот аларм за подрачјето на западна Србија (пред сè за областа Мачван) е подигнат на највисоко црвено ниво“, беше објавено претходно на веб-страницата на РХМЗ.

– Градот беше со големина на орев, врнеше силен и интензивно. Дури и шофершајбната на моето возило пукна од силината на невремето. За да спречиме поголема катастрофа на возилото, застанавме на бензинска пумпа до невремето помина – изјави за агенцијата РИНА еден од очевидците.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде ново итно предупредување во кое се наведува дека во наредните два часа големо невреме ќе го зафати Нови Сад.

Претходно денеска РХМЗ го стави на сила портокаловиот метео аларм во западна Србија, Шумадија, Поморавље и во источна Србија. Во Севојно беа снимени видеа од поплавени улици, на кои се гледа како автомобилите полека се пробиваат низ поплавениот коловоз.