Затворските чувари во саботата гаснеа пожар што го запалиле затворенички во затвор во близина на иранскиот главен град Техеран, објави иранската државна новинска агенција IRNA.
Се вели дека осуденичките на смрт кои протестираа против управата на затворот го запалиле женскиот дел од затворот Карчак со палење на нивните алишта. Не е јасно дали инцидентот е поврзан со протестиte на првата годишнина од смртта на Махса Амини, кој почина во полициски притвор.
Курдиската мрежа за човекови права претходно соопшти дека затвореничките одржале протести во затворот Карчак на годишнината од смртта на Махса Амини во саботата. Специјалните полициски сили влегле во одделот, ги претепале жените и застрелале некои од демонстрантите, тврди мрежата на курдското сунистско малцинство во доминатно мнозинскиот шиитски Иран.