Жителите од населбата Карпош 4, веќе подолго време се соочуваат со огромен проблем – по улиците слободно шета манијак кој редовно ги напаѓа и се обидува да ги силува, пишува Калимеро.мк.
– Веќе неколку недели воопшто не се осудувам сама да шетам низ населбата. Еднаш и мене ме бркаше, но успеав да му побегнам. Тој е доста впечатлив, има околу триесетина години, вози сив тркачки велосипед и секогаш на вратот носи марама, која ја става врз своето лице кога има намера да нападне – вели С.Ј, жителка на Карпош.
Според жителите, случајот е пријавен во полиција.