Жените во Македонија се хероини кои се борат за себе и за својата татковина, вели Мицкоски – ја заслужуваат сета почит на светот не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук упатува честитка до сите жени по повод нивниот Меѓународен ден 8-ми март.

„Жените се столбот на едно семејство и на секое општество. Нивната истрајност и сила се симболот на животот. Затоа ја заслужуваат сета почит на светот, не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината.

Тие се рамни на мажите, а во некои случаи покажале многу поголема храброст и мудрост. Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина.

Жената е пример за тоа како се сака и се жртвува една личност за своите животни цели. Жената во Македонија е хероината на денешното време која знае да се бори и таа борба е безрезервна. Пред тоа човек може само да симне капа и да го следи нивниот пример.

Нека е честит 8-ми Март, нека ви е исполнет со радост, успеси и сила секој ден во вашиот живот“, стои во неговиот пост на Фејсбук.