Две млади жени во петокот напладне физички се пресметале пред спортски објект на подрачје на скопската општина Карпош, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Во СВР Скопје по 11,30 часот било пријавено дека на споменатата локација дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Како што било утврдено, се случила физичка пресметка меѓу М.Б. на 29 и Б.В.Т. на 37 години, и двете од Скопје.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.