СВР Штип информира за женска тепачка во виничкото село Трсино.
-На 06.03.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода М.А.(63), А.А.(41) и Д.А.(33), сите женски лица од селоТрсино, виничко, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2024 околу 16.30 часот физички ги нападнале нивните сосетки С.А.(58) и М.А.(31), при што употребиле и тврди предмети. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Штип.