Женски одбојкарски натпревар привлече рекордни 92.003 гледачи

Одбојкарскиот натпревар меѓу екипите на Универзитетот Линколн и на Универзитетот Омаха во американската сојузна држава Небраска се одигра на стадион за американскиот фудбалион пред 92.003 гледачи, што стана нов светски рекорд за женски спортски настан.

Податоците ги објави Американската национална колеџ асоцијација за спорт (NCAA).

Меморијалниот стадион во Линколн е местото каде беше соборен претходниот рекорд поставен во април минатата година на меч од Лигата на шампионите, кога 91.648 гледачи го следеа натпреварот меѓу Барселона и Волфсбург на стадионот „Камп Ноу“ во најголемиот каталонски град.

Одбојката е најпопуларниот женски спорт во Небраска, а оваа игра е најдобар доказ за точноста на ова тврдење. Домашните од Линколн ги совладаа најголемите ривали од блиската Омаха со 3-0 во сетови.

Овој натпревар го собори и претходниот рекорд на посетеност на стадионот Меморијал во Линколн, како и рекордот за спортски настан на американска почва на кој учествуваа жени. Претходниот рекорд по бројот гледачи беше 90.185, кои се собраа на 10 јули 1999 година за финалето на Светското првенство за жени, одиграно на стадионот „Роуз Боул“ во Пасадена, на кој играа селекциите на САД и Кина.