Три македонски младински кошаркарски репрезентации, претстојното лето ќе учествуваат на Европски првенства од Б-дивизија.
Денеска во Фрејзинг беше одржана жрепката и за оној женски сегмент од евро-натпреварувања, а три наши селекции ги дознаа своите ривали.
Најискусните, М20 ќе играат на првенството во Скопје, каде нашата федерација ќе биде во улога на организатор, а за ривали ги добија Хрватска, Романија, Косово и Црна Гора.
Кадетките ќе играат од 18 до 27 август во Сараево, а јуниорките од 5 до 15 август 2022 година во Оберварт.