Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски два пати свечено отвора иста улица. Станува збор за Боемската улица, која уште на самиот почеток е проследена со контроверзи.
Во обидите са се оправда пред јавноста за огромната сума на пари потрошени за проектот Боемска улица, Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски ги менуваа бројките на чинење, за на крај да се усогласат дека реконструкцијата чинела фантастични 400 илјади евра.