Турскиот актер Џан Јаман и неговата девојка, најзгодната италијанска водителка Дилета Леота се „уловени“ на одмор, а турскиот заводник не ги тргнува рацете од оваа прекрасна русокоса.
Џан и Дилета се фотографирани на нивната јахта во Бодрум, но иако сакале да бидат сами и да уживаат далеку од очите на јавноста, папараците ја „уловиле“ оваа двојка во жешко издание.
Актерот беше во костим за капење, а Дилета во бикини, што ја истакна нејзината прекрасна фигура, но и атрибутите по кои воздивнуваат многу мажи ширум светот.
Прво уживале во романтичен ручек, а потоа легнале на палубата. Се сончале и разговарале, а потоа популарниот заводник не можел да ѝ одолее на Дилета. Ја повлекол Дилета, која легнала врз него, па се впуштиле во жешки игри.
ФОТО: Инстаграм