
Рокот за доставување на понуди за купување на Манчестер Јунајтед измина на полноќ и во конкуренција останаа катарскиот шеик Јасим бин Мохамед Ал Тани и британскиот милијардер Џим Ретклиф.
Тоа се двете понуди кои до овој момент се јавно објавени, но и доколку постои интерес од други купувачи се чини дека битката за преземање на клубот од Олд Трафорд ќе со води меѓу нив двајца.
„Испратена е понуда за откуп на 100% од акциите на клубот. Сакаме да ја вратиме старата слава на Манчестер Јунајтед на теренот и надвор од него. Имаме визија како Манчестер Јунајтед да стане најголем и најпознат фудбалски клуб на светот”, пишува во понудата од страна на катарската банка која е доставена и до медиумите во Велика Вританија.
Sheikh Jassim Bin Hamad Al Thani bid in for 100% of Manchester United 🚨🔴 #MUFC
“The offer aims to restore the club to its former glory, both on and off the pitch, and will focus on putting fans back at the heart of Manchester United Football Club”.
Full statement ⤵️🚨 pic.twitter.com/c54Zuj1jwi
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 17, 2023
Од сопственикот на компанијата Инеос и човекот кој го има управувачкиот пакет на акции во Ница, Ретклиф се уште нема реакција, тој пред неколку месеци рече дека е голем навивач на Манчестер Јунајтед и дека сака да го врати клубот на старите патеки на успехот.
Неофицијално сумата што ја понудиле Катарците изнесува 5 милијарди евра додека се уште не е познато колку нуди Ретклиф за преземање на клубот од Олд Трафорд, но се шпекулира дека актуелните сопственици, семејството Глејзер очекува да инкасира околу шест милијарди.
Манчестер Јунајтед е во сопственост на американското семејство Глејзер, кое претходно најави дека до 17 февруари на полноќ ќе добива понуди за купување на англискиот клуб.
Британските медиуми пренесуваат дека на семејството Глејзер му се допаѓа понудата од пет милијарди фунти. Сепак, сопствениците на англискиот клуб очекуваат да пристигне уште една понуда за „црвените ѓаволи“. Глејзери веруваат дека клубот од „Олд Трафорд“ можат да го продадат за најмалку шест милијарди фунти. Американските бизнисмени се сопственици на Манчестер Јунајтед од 2005 година, кога го купија англискиот клуб за 800 милиони фунти.