Жестока реакција на Општина Ѓорче Петров: СДСМ лаже, заврши времето кога се даваа милиони за алкохол и кафеани, прашајте го Наумоски каде се парите

„Пратеничката Даниела Маркоска и СДСМ требаше да одржуваат прес-конференции кога нивниот градоначалник во Ѓорче Петров, Александар Наумоски со општински пари купуваше купишта алкохол, од ракии и уза до вина и пива, а општината ја оставија со долг од четири милиони евра. Маркоска манипулира со јавноста бидејќи оваа набавка, која е со рамковна спогодба, е предвидена во Планот за јавни набавки од страна на нивниот градоначалник и раководството кое СДСМ го постави во Ѓорче Петров. И најважното, овие пари не се потрошени, туку се предвидени, што значи дека ако не се набават продуктите, нема да се платат ниту парите“, реагираат од Општина Ѓорче Петров.