Жестоки осуди на џихадистичките погубувања деца во Мозамбик

Деца, меѓу коишто едианесетгодишниците, убиени се во стратешки важната покраина Кабо Делгадо на североистокот од Мозамбик, каде што трае џихадистички бунт, предупреди во вторникот британската невладина организација Да ги спасиме децата (Save the Children).

Речиси 670.000 луѓе избегале пред нападите на вооружените групи коишто повеќе од три години ја тероризираат покраината богата со природен гас. Во судирите досега загинале најмалку 2.600 луѓе, мешу кои повеќе од половината се цивили, наведуваат невладините организација.

„Информациите за напади врз деца ни се одвратни“, коментираше Ченс Бригс, челничка на филијалата на Save the Children за Мозамбик.

Организацијата на својата мрежна страница објави сведоштва на раселените семејства, меѓу кои е и потресното на 28-годишна мајка која раскажала како на нејзиниот 12-годишен син му ја отсекле главата близу местото каде што таа се криела со другите три деца.

„Таа ноќ нашето село беше нападнато и нашите куќи запалени. Се обидовме да избегаме во шумата, но го фатија мојот најстар син и му ја отсекога главата. Не можевме ништо да сториме, бидејќи ќе нѐ убиеја и нас“, вели оваа мајка.

Друга, 29-годишна жена, изјавила дека избегала од своето село во тешки околности, со три од четирите нејзини деца, откако нејзиниот 11-годишен син бил убиен од вооружени напаѓачи.

„Сите страни во судирот мора да ги штитат децата. Судирите мора да престанат и на раселените семејства мора да им се пружи помош“, истакна Бригс, предупредувајќи дека на речиси милиони луѓе им се заканува глад.

Групата позната под називот ал-Шабаб (млади муџахедини, во слободен превод од арапски), којашто порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда но подоцна ѝ изрази лојалност на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и главно дејствуваше на територијата на Сомалија, во 2017 година крена крвав бунт во мозамбешката покраина Кабо Делгадо со мнозинско муслиманско население, покрај границата со Танзанија.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International кон крајот на март ги обвини силите на владата во Мозамбик и платениците дека во судирите со џихадистичките бунтовници неселективно убивале и цивили.