Жесус постигна два гола во дебито за Арсенал

Засилувањето на Арсенал од Манчестер сити, Габриел Жесус постигна два гола на првиот меч за „топчиите“. Лондонскиот клуб во пријателски натпревар вчеравечер го победи Нирнберг на гостиснки терен со 5:3.

Дваесет и петгодишниот Бразилец влезе на стартот од вториот дел и погоди двапати по асистенциите на Едвард Нкетија и Габриел Мартинели. Жезус го постигна првиот гол по само две минути од влегувањето на теренот.

На 4 јули, Жесус се пресели во Арсенал од Манчестер сити, потпишувајќи договор со лондонскиот клуб до 2027 година.

Со Жезус во тимот Арсенал се надева дека во новата премиерлигашка сезона ќе избори место кое носи учество во Лигата на шампионите.