Жежовски бил убиен за долг од 500 евра?!

74-годишниот Панче Жежовски е убиен на 22-ри ноември, два дена пред неговата ќерка да го пријави неговото исчезнување во полиција.

Мотивот за убиството на Панче бил должничко доверителски одос, односно тој должел 500 евра и веројатно е „избран“ како „прометна жртва“ за да се змеме неговото возило за киднапирањето на Вања, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Се до 27-ми ноември нема никакво сознание за него кога неговиот автомобил го пронаоѓа полицијата, во околината на скопското село Бразда. Цитроенот бил опожарен.

Малолетничката Вања била киднапирана од внатрешниот дел на влезот на зградата откако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторите кога таа излегува од дома и кога ќе излезе сама. Вања, со врзани раце и нозе, била ставена во вреќа за спиење и била внесена во гепекот на „цитроенот“.

– Главен организатор и извршител на двете убиства според сегашните докази е осомничениот Љупчо Палевски. Тој на 30 ноември, заедно со својот адвокат, ја напуштил државата и заминал за Белград. Оттаму се упатил во Бугарија. По него е распишана меѓународна потерница.

Бубевски посочи дека сиоте инволвирани во случајо се идентификувани

„Тројца од осомничените се испрашани во ОЈО. Од тројца од пет инволцирани имаме признание за целокупниот ангажман, за текот , кој какви дејствија презел и кој со што бил задолжен. Сторителите се исти и за двете дела. Против три лица има притрор од 48 часови, затоа што се уште се обработуваат податоците од материјалната природа. Кога ќе излезат наодите од обдукцијата и други докази тогаш обвинителството ќе отвори истрага и тогаш ќе можеме е да кажеме повеќе детали. Сѐ уште е предистрага, има краткотраен притвор додека сето тоа се документира. Бидејќи посоти опасност и од бегство, од влијание и од повротување на делото, ОЈО ќ е побара најтешка мерка. Во текот на истаргата повторно ќе се собира доказен матероја и ќе биде издадена меѓународна потерница. Мотивот е користољубие при грабнување, а после, тоа е чисто убиство“, рече обвинителот Бубевски.

Таткото на убиената Вања, кој е задржан во полиција,  учествувал во давањето информација кога девојчето ќе излезе од домот, сама. Тој бил во комуникакција со главниот извршител и организаитор на убиствата.

Од неговиот исказ во полицијат, тој сз уште ги негирал овие дејтвија.

А, зошто Вања е убиена набргу по грабнувањето доколку мотивот бил да се изнуди пари од нејзината мајка, немаше логично објаснување. Само накратко беше посочено дека извршителот го фатила паника бидејќи веќе полицијата и јавноста била алармирана, па решил да го убие детето а парите да ги побара подоцна.