Скопскот Јавно сообраќајни претпријатие информира дека од утре, петок (24.06.2022 година) Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција.
Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите.