Без победник, но со по еден погодок во двете мрежи, заврши премиерниот натпревар од 29. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу екипите на Римс и Олимпик од Марсеј.
Домаќинот дојде во водство со погодокот на Антоние Деваух во 67 минута, а израмнувачкиот погодок, постигнат во 80 минута беше дело на препрезентативецот на Франција, Пјер-Андре Жињак.
Од денешните шест натпревари, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу екипите на Лил и на Нант.
Фудбалерите на Лил имаат обврска да ја искористат предноста на домашниот терен и така да останат во игра за третата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони, додека гостинот се уште е во игра за едно од трите места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа.
Денеска на програмата: Лил – Нант, Ајачио – Генгамп, Евиан – Валенсиен, Ница – Бастија, Рен – Тулуз, Сошо – Лориен.