Жирона подобра од Реал Вајадолид

Жирона во петокот во првиот натпревар од петтото коло на шпанското фудбалско првенство на домашен терен со 2:1 го совлада Реал Вајадолид.

Стрелци за Жирона беа Реиниер Жезус во 21 и Ориол Ромеу во 88 минута, а за гостите во 38 минута израмни Моншу. За Жирона ова е втората победа во првенството и со седум бодови го зазема моменталното 9-то место, додека Вајадолид со четири бодови е 16-ти.

Во сабота на распоредот се натпреварите Рајо Ваљекано – Валенсија (14.00 ч.), Еспањол – Севилја (16.15), Кадиз – Барселона (18.30 ч.) и Атлетико Мадрид – Селта Виго (21.00 ч.), во неделата играат Реал Мадрид – Мајорка (14.00 ч.), Елче – Атлетик Билбао (16.15),

Хетафе – Реал Сосиедад (18.30), Реал Бетис – Вилјареал (21.00 ч.), а во понеделникот колото ќе го затвори дуелот Алмерија – Осасуна (21.00 ч.)