Фудбалерите на Жирона го преземаа врвот на Примера, откако во првиот меч од 11-то коло од шпанското првенство во петокот вечерта со 1:0 ја победија Селта Виго.
Херој на победничкиот тим беше Јангел Херера кој одлично погоди од работ на шеснаесетникот во првата минута од судиското продолжение.
Со оваа победа Жирона, која минатата година беше во долниот дел од табелата веднаш над зоната за испаѓање, сега е на врвот од табелата со 28 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и четири бода повеќе од Барселона.
Најблиските екипи што ја следат Жирона во саботата ги очекува големото „Ел класико“.
Селта Виго остана на само шест бодови и моментално е на 18-то место.