Жиру е среќен во Лондон и не е во потрага по нов клуб

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Оливие Жиру, се обиде да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и на постојаните коментари дека ќе си замине од “Емирати” за време на летниот преоден рок.

„Нормално дека ќе останам во редовите на Арсенал, нормално дека ќе останам на “Емирати”. Многу сум среќен во Лондон и не постои таква опција за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок. Јас имам договор со Арсенал до 2016 година и сакам истиот да го испочитувам до крај. Нема никаква вистина во новинарските шпекулации. Знам дека постојано ме продаваат на некој друг клуб, но тоа не е точно”, изјави репрезентативецот на Франција.