Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Оливие Жиру откри дека е среќен поради информацијата дека за неговите услуги е сериозно е заинтересиран предводникот на италијанскиот калчолигаш Рома, Руди Гарсија.
“Како да не ми годи таа информација дека сум желба на моментално второпласираниот тим во италијанската Серија А, Рома и дека сум желба на одличниот фудбалски стручњак Руди Гарсија. Сите знаеме колку е добар поранешниот тренер на Лил. Сепак, јас не сум заинтересиран за некаква преселба во Рим, сакам да напредувам како фудбалер на Арсенал, мојата иднина е на “Емирати”, изјави репрезентативецот на Франција.