3.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Жител на Бутел обвинува за лажно пријавување во полиција од Весна Дамчевска Илиевска

Дејан Киранџински – Крушка преку Фејсбук статус пишува дека во текот на вчерашниот ден бил лажно пријавен во полициска станица. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме неговиот статус

Сабајлево ми дојде полиција дома вознемирувајќи ги моите најблиски меѓу кои и мојот две годишен син. Кога ги прашав за што станува збор ми кажаа дека во ПС Бутел стигнала пријава од лицето Весна Дамчевска Илиевска поранешна пратеничка од редовите на ВМРО која што деновиве е актуелна како гласноговорник на иницијативата за промена на раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Поранешната пратеничка од Бутел ЛАЖНО ме пријавила дека вчера со погрди зборови, пцовки и закани сум и се обратил а се поврзано со иницијативата за промени во раководството во ВМРО. Покрај Весна Дамчевска Илиевска од мои лични извори дознав дека на полициски структури во ПС Бутел вртел и вршел притисок и поранешниот претседател на ОК Бутел Боби Бојчевски помеѓу членовите познат како тарифа 3 до 5000 евра ( ама за оваа тема спремен сум со докази за идниот период).

Весна и Боби вчера вечер додека си играв со мојот две годишен син вие имавте срце како класични удбаши да ме обвините дека на некого сум го навредувал и сум се заканувал. Нека проценат луѓето кои го читаат овој мој текст за каков тип на луѓе станува.

Весна и Боби и за вас двајцата сум работел посветено и чесно 24/7 за да ги добиете тие функции кои во минатото ги имавте и за жал максимално ги злоупотребивте. Имам 36 години и татко сум на 3 деца. Овој срам кој што успеавте да ми го нанесете денеска личи на вас двајцата бидејќи добро ве познавам.

Вие добро знаете дека од својата 15 година сум во структурите на ВМРО – ДПМНЕ ОК Бутел. Своевремено бев и претседател на најголемиот месен изборен штаб Св. Климент Охридски кој ги носи најголемите победи во Бутел. Најкриво од се ми е што се дрзнавте лажно и во удбашки стил да местите член и активист на ВМРО – ДПМНЕ кој што 20 години без исклучок на ниту една кампања максимално посветено работи за ВМРО за таквите како вас да дојдат до одредени позиции кои што носат многу придобивки. За разлика од вас за мојата активност во ВМРО ја останав без работа како родител на три деца.

П.с. Ве поздравија квалитетен тим на адвокати кои што ме посоветуваа дека во случајов има несоборливи докази да покренам кривична пријава за лажно пријавување и нанесување на мој и семеен срам.

Сакам само уште да ве потсетам на начелото:
Кога предавството е во прашање, само ВМРО е одговор

Дејан Киранџински – Крушка, член на ВМРО – ДПМНЕ од 1997