Маж од скопското село Грчец е приведен во саботата, по пријава на момче од Кришопек дека со својот автомобил било пресретнато во Сарај и оти под закана од осомничениот му боло насилно одземено возилото.
На 15.05.2021 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот Н.Д. од селото Грчец, општина Сарај, затоа што околу 12.30 часот на патот од Грчец кон село Сарај го пресретнал 20-годишниот А.А. од селото Крушопек, скопско и со физичка сила и со закана му го одзел возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.
Според пријавеното од страна на А.А,, причина бил нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу неговиот татко и Н.Д.. Возилото било пронајдено, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.