Втората најнаселена австралиска сојузна држава Викторија во саботата го регистрираше најголемиот пораст на бројот случаи на зараза со новиот коронавирус од крајот на март, поради што ги заостри наредбите за ненапуштње на домовите за повеќе предградија на Мелбурн и целосно затвори девет облакодери.
Во овие девет облакодери има 1.345 станови во кои живеат околу 3.000 луѓе.
Тие ќе бидат затворени најмалку пет дена, и оваа одлука, којашто е донесена откако многу од станарите биле позитивни на тест на Covid-19, веднаш стапи на сила. Полицијата ќе дежура на сите катови од облакодерите, а ќе се контролираат и влезовите во зградите.
Југоисточната држава Викторија, која има население од шест милиони, во саботата регистрираше нови 108 случаи на коронавирусот, додека ден претходно беа забележани 66 случаи.
„Вистински сме загрижени поради овие бројки. Ова се многу предизвикувачки времиња“, изјави премеирот на оваа сојузна држава, Даниел Еднрјуз на прес-конференција.
Растот на бројот на заразените во Викторија се следи со големо внимание, имајќи предвид дека остатокот од земјата го заузда ширењето на вирусот.
Најнаселената австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс регистирапе во саботата шест нови случаи на заразат, од кои пет се утврдени кај луѓе кои се вратиле од странство. Шестиот случај е стара инфекција и не е активен случај, соопштија здравствените власти. Во петокот во оваа држава немаше нови случаи на коронаинфекција.
Австралија успеа да го сузбие ширењето на коронавирусот многу подобро од другите земј. Досега регистрираше вкуони 8.300 сличаи на зараза и 104 смртни случаи.