Жители на село во Белгија на лотарија добиле над 143 милиони евра

Група од 165 жители на селото Олмен во белгиската провинција Антверпен освоила повеќе од 143 милиони евра на лотарија Јуромилионс (Euromillions).

-Жителите на Олмен ги собрале парите и заедно купиле ливче во киоск. Секој од нив освои од по околу 868.000 евра, соопшти Белгиската државна лотарија.

За жрепката во вторникот имало 27 милиони пријави. Џекпотот изнесувал 142.897.164 евра.

Портпаролот на Државната лотарија, Јоке Вермоере изјави дека групните добивки во Белгија не се чести и дека ова е најголема група која некогаш освоила награда. Идентитетот на добитниците не е објавен.