![pab vels](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/117304340_93570c6b-c132-4a00-984f-f89fd817a935.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Неколку илјади луѓе се здружија и собраа повеќе од 460.000 британски фунти, околу половина милион евра, за да им помогнат на жителите на велшкото село Ландврог да го откупат локалниот паб „Ty’n Llan“.
Донации дошле и од далечниот Нов Зеланд на повик на група основана во селото со 400 жители кои така успеаја да ја соберат сумата за спасување на пабот стар 200 години, а затворен во 2017 година.
Поддршката дошла покрај од самите Велшани, но и од нивни сонародници и пријатели ширум светот, како од Канада, Шведска Нов Зеланд, Германија, Франција и од Кипар.
„Тоа беше добро место каде што се собиравме“, изјави членот на групата Вин Роберст и појаснува дека „луѓето сфатија колку пабот им е драгоцен“.
Сумата од 400.000 фунти била собрана за само шест седмици. Нивната цел е вишокот пари да биде употребен за раставрирање на овој угостителски објект.