Жителите на Диво насеље се враќаат во своите домови

A resident inspects the damage in a neighborhood where a battle took place over the weekend involving the police and an armed group, in northern Macedonian town of Kumanovo, early Monday, May 11, 2015. (AP Photo/Visar Kryeziu)
Дваесетина пеплосани куќи, локви крв, остатоци од оружје, уништени домаќинства. Оваа слика ги пречека локалните жители од кумановско „Диво насеље“ по дводневните судири на полицијата со вооружената група, обајви „Канал5“. По „долгиот“ викенд за кумановци, денеска е мирно во оваа населба. По 30-часовната престрелка жителите полека се враќаат во своите живеалишта со надеж дека нема да има повторно немири во тој дел од градот.
Инаку, ден по дводневните судири е мирно во „Диво Насеље“. По улицата „Перо Илиевски“ на која се воделе најголемите престрелки, имаше остатоци од оружје, скршени автомобили и локви крв. Локалното население кое се врати во своите домови по 30-часовната престрелка го пречекаа руинирани домови, пеплосани домаќинства. Покрај жителите имаше и редици од љубопитни граѓани денеска кои набљудуваа што се случувало викендов во населбата, која се наоѓа на 500 метри од центарот на градот. Меѓусебе коментираа дека можеби и препознале некои од уапсените, но не сакаа тоа да го споделат пред камера, се вели во прилогот на „Канал5“.

Само три лица од населбата „Тоде Мендол“ побарале помош во прифатниот центар во училиштето „Христијан Тодоробски-Карпош“. Во „11 Октовмри“ каде што е лоциран кол центарот досега не се јавил ниту еден граѓанин од „Диво Насеље“ на кој му било потребно сместување и помош. Воедно, отворена е и книга на жалост во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.