На гласањето излегле 53 отсто од запишаните 2.750 граѓани со право на глас, а повеќе од половината од нив гласале против склучување договор за јавно-приватно партнерство.
Планот за јавно-приватно партнерство подразбираше инвестиција на приватниот партнер во водоводна и канализациска мрежа од 8,1 милиони евра за 3 години и стопанисување со комуналните услуги во наредните 30 години.
Исходот од денешното изјаснување, значи дека Општина Дојран ќе ја запре постапката за формирање ново комунално претпријатие по пат на јавно-приватно партнерство, кое требаше да стопанисува со услугите водовод и канализација во следните 30 години, откако ќе вложи 8,1 милиони евра.