![selo-Tajmiste-750x428](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/selo-Tajmiste-750x428-1.jpg?resize=696%2C397&ssl=1)
Жителите на село Тајмише – Кичево, веќе 11 денови немаат струја и Новата година ја дочекаа во темница, објави ТВ21.
Причината за тоа е паднат електричен столб, на тешко пристапна локација.
За настанатата состојба од ЕВН изјавиле дека секојдневно се прават напори за да се пристигне до местото каде што се наоѓа столбот, но како што велат, станува збор за непристапен терен.
„Во кичевското село Тајмиште, како последица од невремето, настанал дефект од посериозни размери при што паднал челично решеткастиот столб кој е клучен во снабдувањето на овој реон. Покрај тоа, екипите на Електродистрибуција се соочуваат со целосно непристапен терен. Секој ден се вложуваат напори за да се стигне до локацијата на столбот, но во моментов теренските услови воопшто не го дозволуваат тоа. За ситуацијата е запознаен и Центарот за управување со кризи – ЦУК-велат од ЕВН.