Жителите на Москва од вчера положуваат цвеќе за жртвите од руските ракетни напади врз североисточниот украински регион Харков, по дводневните жестоки напади во кои беа повредени и убиени десетици цивили.
Речиси сите жолти и сини цветови се распродадени, објави вчера независниот интернет портал „Астра“. Цветни аранжмани се положуваат на статуата на украинската поетеса Лесија Украинка.
Општинските власти наводно да ги отстрануваат цвеќињата од споменикот.
Во четвртокот и петокот десетици цивили беа повредени и убиени во жестоки руски напади. Десетгодишно момче и неговата баба беа убиени вчера во Харков кога проектил погоди станбена зграда. Повредени се 30 лица, од кои 12 се хоспитализирани. Властите во Харков синоќа ги прекинаа операциите за пребарување и спасување.
Еден ден претходно, според официјалните податоци, во руски ракетен напад врз кафуле во село во областа Харков, загинаа 52 лица.
Русите повеќе пати изразуваа сочувство за жртвите од претходните руски напади врз цивилни цели во Украина. Руските власти редовно преземаат мерки против ваквите солидарни акции.
Официјално, Москва негира дека гранатира цивилни цели во Украина.