Жителите на Ѓорче Петров денес повторно излегуваат на протест

Денеска напладне жителите на населбите Ѓорче Петров и Дексион во Ѓорче Петров ќе организираат протест на ул. Радушка кај раскрсницата со ул. Кузман Шапкарев (последна 5ка).

– Причината за организирање на протестот е дивеењето на урбаната мафија која е поддржана од локалната власт. Конкретно станува збор за изградба на објект кој што е до самата пруга без да се почитува законското решение кое пропишува изградба на објект на далечина од 20 метри. Со овој протест ќе побараме општината Ѓорче Петров да почне да работи на терен и да расчисти со урбаниот хаос што се случува во нашата општината, велат граѓаните.