Загадувањето на возудхот утринава е најголемо во Тетово.
Таму податоците од мерните станици покажуваат 105 ПМ честички, а градот Битола е втор на листат, со измерени 75 ПМ.
Од скопските општини утрово најзагаден е Карпош со 72 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа Центар со 71 и ректорат со 60 ПМ честички на метар кубен.
Загаденост утринава покажуваат мерните станици и во Кочани, додека загадена е речиси целата земја.
За денеска жителите на Ѓорче Петров најавуваат и протест против загадувањето во населбата и истиот ќе се одржи точно напладне.
-ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !
УТРЕ, НЕДЕЛА, 15-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
БЛОКАДА НА РАСКРСНИЦА НА УЛ. ЛУКА ГЕРОВ ЛАК СЕМАФОРИТЕ (КАЈ МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА)
НАСЕЛБА ДАМЕ ГРУЕВ
Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи
Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина ! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето !
#зеленареволуција, стои во нивниот пост на Фејсбук.