Жителите на Порторико и на американските Девствени острови истовремено со одржувањето на американските претседателски избори во вторникот 3-ти ноември ќе се изјаснуваат за двете иницијативи што го определуваат статусот на овие теротирии, објави интернет ресурсот Ballotpedia, кој објавува информации за подготовките и спроведувањето на изборите во САД.
Во Порторико жителите се повикани да одговорат на прашањето: „Дали Порторико треба веднаш да биде примен во составот на САД како (сојузна) држава?“. Доколку гласачите ја одобрат оваа иницијатива, од гувернерот на островот ќе се бара да формира седумчлена комисија којашто ќе преговара за приемот на Порторико како 51-ва сојузна држава на САД. Доколку мнозинството избирачи се спротиставата на иницијативата, гувернерот ќе треба да формира комисија за перговори за слободно политичко здружување или независност.
Островор е под контрола на САД од 1898 година, по Шпанско-американската војна. Во 1950 година внатрешната политика била предадена на локалната администрација и тоа е утврденот во Уставот на Порторико од 1952 година.
Референдуми за статусот на оваа островска територија се одржаа во 1967, 1993, 1998, 2012 и во 2017 година. На последниот референдум во 2017-та, дури 97,18 отсто од гласачите го поддржаа стекнувањето на статус на сојузна држава во составот на САД. Жителите на Порторико во момент се американски државјани, но тие не можат да гласаат на претседателските избори и имаат само еден претставник со ограничено право на глас во Конгресот на САД.
На американските Девствени острови на гласачкото ливче е испечатено прашањето дали законодавниот дом на островската територија треба да свика уставотворен совет за изготвување Устав кој ќе го замени Законот за локална самоуправа од 1954 година донесен од американскиот Конгрес. САД ги преземале овие острови од Данска во 1916 година и во март 1917 година минале под американска контрола. Во мај годинавата, парламентот на Девствените острови го поддржа предлогот за свикување уставотворно совет.
На денешните општи избори во САД, покрај за изборот на претседател и потпретседател, ќе се гласа и за сите 435 членови на Претставничкиот дом (долниот дом на парламентот – Конгресот), за 35 членови на Сенатот (горниот дом) и за гувернери на 13 сојузни држави и територии.
Покрај тоа, на гласачките ливчиња се внесени и 120 локални иницијативи: во 14 држави тие се однесуваат на организирањето на гласањето и финансирањето на изборните кампањи, во 12 држави се предлагаат измени во локалното оданочување, во четири држави има иницијативи во врска со регулирањето на наркотичните средства, а во сојузната држава Мисисипи гласачите треба да се определат за новиот дизајн на знамето на државата наместо знамето кое потсетува на борбениот бајрак под кој во годините на Граѓанската војна (1861-1965) се бореле војниците на Конфедерацијата на јужните држави.