ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор. Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, соопштија од ЕВН.
– Постигнат е договор со мештаните на Слупчане, а гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково ќе се одржи состанок во Oпштина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9 август, годинава – информираа од ЕВН.
Во моментов екипите се на терен и работат на санација на дефектите.
ЕВН и жителите имаат некаков предлог-договор, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во врска со случувањата во ова населено место каде жителите не им дозволуваат пристап на екипите на ЕВН.